Каменичкиот бенд Lithiüm е составен од Мартин Ангеловски – вокал и гитара, Иван Стојковски – бас гитара и Давид Ѓоргиев на тапани. Денес, бендот го објави својот прв сингл Grey diary кој е и најава за првиот нивни албум. Видео спотот за Grey diary го работеше уште еден Каменичанец, Андреј Ѓорѓиевски (Bull Production) со асистенција на Ненад Карчов. Актери во спотот се Марија Лукаревска и Мартин Климовски.
Првиот сингл на Lithiüm веќе наидува на одлични реакции кај публиката и со нетрпение ги очекуваме нивните нови песни. Браво дечки!