Каменичанката Ана Ристовска замина од ЖФК Каменица САСА – започнува интернационална кариера во шампионскиот бугарски клуб НСА Софија

 

Македонската фудбалерка Ана Ристовска од Македонска Каменица има нов клуб. Таа си заминува од матичниот клуб Каменица Саса, каде настапуваше во изминатите натпреварувачки сезони.

 

20-годишната Ристовска е младинска репрезентативка на Македонија, каде исто така забележува одлични настапи како играч во одбраната. Со заминувањето од САСА има нов предизвик пред себе. Кариерата ја продолжува во странство, надвор од Македонска Каменица и Македонија.

Таа беше редовна на мечевите на Саса, важи за рекордерка во клубот по бројот на настапи, а исто така играше и во квалификациите за Лигата на шампионите. Заминува шест месеци порано од предвиденото. Договорот со матичниот клуб истекува во јуни 2024 година.

Ристовска е дел од шампионскиот тим на ЖФК Каменица САСА каде е стандарден првотимец од 2021 година. Во каменичкиот клуб настапува и нејзината сестра Дајана Ристовска. Следен клуб ќе ѝ биде бугарскиот шампион НСА Софија. За Ристовска ова е прв интернационален предизвик.

Упатуваме честитки за Ана Ристовска, со желби за многу нови успеси во кариерата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *