Исчезна девојче од Скопје, ова го соопшти нејзина другарка на Фејсбук која напиша „исчезна Ени, другарка ми“.
Според описот на другарката на исчезнатото девојче, Ени е висока 160 цм, тешка 55 кг, има црвено-кафеава коса, кафени очи и носи фиксна протеза на горната вилица.
Последен пат е видена во сабота сабајле на бензинска пумпа во населба Илинден. На себе носи фармерки, црна јакна и ранец.
Семејството и пријателите апелираат доколку некој ја види да пријави во најблиската полициска станица.