ФК Каменица Саса го одигра вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Детонит Плачковица.
Домашната екипа со минимални 2-1 славеше на пријателскиот натпревар против тимот на Горан Гоцевски, одигран на Градскиот стадион во Радовиш.
Детонит преку новото засилување Зоран Ивановски дојде до водство од 1-0, а откако Каменица Саса израмни со голот на Исмаил Бектеш, домаќините во финишот, со гол на Хубрев дојдоа до конечните 2-1.