Исмаил Бектеш стрелаше за ФК Каменица Саса на пријателскиот натпревар против Детонит Плачковица

ФК Каменица Саса го одигра вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Детонит Плачковица.

Домашната екипа со минимални 2-1 славеше на пријателскиот натпревар против тимот на Горан Гоцевски, одигран на Градскиот стадион во Радовиш.

Детонит преку новото засилување Зоран Ивановски дојде до водство од 1-0, а откако Каменица Саса израмни со голот на Исмаил Бектеш, домаќините во финишот, со гол на Хубрев дојдоа до конечните 2-1.

Leave a Reply

Your email address will not be published.