Институтот за јавно здравје предупредува: Консумацијата на пијалокот „Прајм“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана

Се огласија од Институтот за јавно здравје по повод написите за популарниот пијалак „Прајм“ и упатија препорака за негова консумација од страна на деца и адолесценти.

– PRIME HYDRATION DRINK е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија. Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата, велат од ИЈЗ.

– Ако децата, на возраст од 1 до 14 години, консумираат 500ml дневно од овој производ, ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти. За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е. Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи, додаваат оттаму.

Консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно. Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови. Напомена за возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно, велат надлежните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.