“Инвеститорите – крадци” повторно во акција. По нападите во село Луковица кај Каменица сега забележани во повеќе кочански села

Повозрасните жители на околните села па и во градот глава не можат да дигнат од измамници и крадци кои постојано ги скенираат нивните домови.

Шемата е позната за сите па и за полицијата која очигледно покажува немоќ штом не можат да ги спречат овие „акцијаши“.

Групата обично е составена од двајца „сниматели“. Ќе дојдат во селото ќе пикираат некоја куќа во која претежно живеат стари лица, ќе пројават интерес дека се заинтересирани за купување на земјиште и ќе ја почнат приказната. Едниот ќе покажува интерес за она што наводно ќе го купуваат, а другиот ќе ја скенира околината, имотот, куќата. Обично се претставуваат дека се од соседните села и кога ќе го прашаат домаќинот има ли деца, а тој им потврди спомнувајќи им ги имињата, измамниците веднаш ќе почнат приказни дека ги познаваат се со цел да остават добар впечаток кај домаќинот и да му влезат во куќата. Е штом влезат без плен обично не излегуваат. Доколку се случи пак да не влезат во куќата тие ќе чекаат вистински момент да се вратат и да ја извршат замислената „операција“.

Таква група од двајца „бизнисмени“ или „инвеститори“ со црно возило оваа седмица се појавила во село Чешиново. Полицијата веднаш е информирана за настанот па сега сите се во исчекување што ќе излезе од сето ова.

Во последните години вакви измамници имаат ограбено на „културен“ начин повеќе преди се постари лица а од оние кои на добар начин не го имаат дадено пленот до истиот доаѓале со малтретирање.

Малку е чудно полицијата со толкав број на вработени да не може да се справи со овие измамници па и оние кои прават „масакр“ по светите храмови во околината.

Постарите жители претежно од селата кои живеат во страв чекаат добра вест од оние кои на кои тоа им е задача да го направат.

С. Ивановски

www.komarec.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *