Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија во Домот на култура во Македонска Каменица

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија во Домот на култура во Македонска Каменица

Во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица, минатиот петок беше отворена изложбата на дела изработени во рамки на Лесновската ликовна колонија 2022.

Отворањето на ликовната изложба беше со почеток од 12:30 часот, во фоајето од Домот на култура во нашиот град. Изложбата пред присутните каменичани ја отвори Сандра Мијалковска, директорка на Домот на култура “Злетовски рудар” од Пробиштип.


Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш, до денес Ликовната колонија прераснува во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на Пробиштип.
Стотици уметници од многу краеви на светот се дел од Лесновската ликовна колонија. Долги години назад, уметниците оставија дела, кои се дел од богатата збирка во Домот на култура ,,Злетовски рудар“, грижливо чувани и со гордост прикажувани во скоро сите Домови и центри за култура во Македонија.

Проектот ,,Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2022“ е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Главен покровител на „Лесновската ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип. Во 2022 година на Лесновската ликовна колонија учество земаа 14 ликовни уметници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *