Застрашувачко: Лебарките еволуираат и ќе го освојат светот. Ниту еден отров не им влијае

Следниот пат кога ќе се судрите со некој тавтабит, размислете внимателно пред брутално да го  згазнете. Можеби еден ден ќе дојде време кога таа ќе ви ја врати услугата, пишува obekti.bg, повикувајќи се на Gizmodo. Тоа е така, бидејќи доминацијата на овие омразени миленичиња над човечкиот род е прашање на време. Последните истражувања покажуваат дека лебарките успешно еволуираат и веќе не подлегнуваат на обидите ни да ги уништиме.

Лебарките веќе преживуваат 350 милиони години, го развиваат своето самоодржување и овој процес очигледно продолжува. Новиот извештај на списанието Science открива како нивната внатрешна хемија се менува, за да се справи со најчесто користените отрови. Така тие развиваат имунитет кон новите отрови, кои се користат од почетокот на 90-тите години и се изградени врз основа на гликозата. Додека научниците ги истражуваат лебарките кои користат влакненцата на нивните тела, за да го откриваат слаткото или горчливото, тие сфаќаат дека инсектите го сменија начинот на кој мозокот им ги прифаќа импулсите од овие рецептори. Наместо да добиваат сигнал за “слатко”, тие испраќаат порака за “горчливо”. Како резултат гадинките го избегнуваат третираното  место со отров. Слична промена во однесувањето се забележува и кај маларичните комарци, кои се почесто ги избегнуваат внатрешните ѕидови на просториите кои се обработени против нив. Наместо тоа, тие се закачуваат на таванот или на надворешните ѕидови, каде што нема  препарат – инсектицид. Според научниците сеуште не е јасен мобилниот и невралниот механизам кој е одговорен за оваа промена во поведението на инсектите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *