Со сосема различен тим во однос на оној од првиот дел, славеа „баделки“ со неочекувано убедливи (94:72) против актуелниот шампион
Екипата на Бадел 1862 направи неколку измени во играчкиот ростер во текот на зимскиот преоден рок, и тоа веднаш даде резултат. И тоа како, трите нови имиња во ростерот им донесат голема, и неочекувано убедлива победа прогив бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011.
Славеа девојките во „жолто-сина“ комбинација со високи (94:72), и најавија уште поинтересен втор дел од сезоната во женската елитна конкуренција.
Иако имаа водство од (26:18) на истекот на десетте минути, решавачки за конечниот исход беа случувањата на паркетот во втората четвртина. Десет минути во кои Бадел 1862, предводен од двоецот Томпсон-Техеда, стигна до недостижни (54:31) на полувремето.
На крајот, овие две кошаркарки искомбинираа 64. поени, кои со десет ги дополни Митрева, додека третото странско засилување Баркли заврши со девет реализации, но и 15. скока.
Кај екипата од Македонска Каменица која го впиша вториот пораз, и го загуби лидерското место, двоен ефект имаше Димова (25.поени и 10.скока), Адамовска имаше 17. реализации а Тасевска уште 13.