Денеска во Македонска Каменица започнува асфалтирањето на втората фаза од улицата “Миле Јаневски Џингар”.
Од општината најавуваат дека, со изградба на нови улици и патишта, ќе продолжат и во текот на 2023 година. Со тоа поголемиот дел од инфраструктурните проблеми на граѓаните на Македонска Каменица ќе бидат решени.В
Увид во денешните градежни активности и во текот на работата за реализација на тековните инфраструктурни проекти извршја градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и Влатко Димитровски, директор на ЈП Камена Река.
Претходно, ЈП Камена Река го уреди поврзувањето на овој дел од градот со нова фекална и атмосферска канализација, како и со инсталирање на главна и секундарна водоводна мрежа за корисниците.