ЗАПОЧНА ПРАЗНИКОТ НА МОДРАТА СЛИВА ВО ДЕЛЧЕВО. УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ ПОЛНИ СО КАЗАНИ ЗА РАКИЈА

Делчево го славеше својот бренд- пијанечката слива. Музика, оро и штандови ги промовираа традиционалните специјалитети од сливи карактеристични за Пијанец.

  • Традиционално се подготвуваат учениците сами да ги работат производите, вели Јадранка Атанасовска проф. во СОУ „М М Брицо“.
  • Од мармалад од сливи имаме подготвено палачинки, торти, чоколада и се прават многу специјалитети, вели ученичка од ООУ „Св. Климент Охридски“.

Неизоставен дел беа и казаните каде се вареше делчевска жолта ракија.

  • Најважно садовите да бидат чисти, но и да се внимава комината добро да созрее, да не биде ни нестасана, ни престасана, изјави Јован Медарски.

Традиционалните Пијанечки денови на сливата годинава беа збогатени и со школата за цртање карикатури и вечерта на афоризми каде настапија еминентни афористичари од Македонија.

  • Младите сакаат да учат, чекаат ред, иначе ме радува кога младите сакаат да учат од нас, вели Блаже Докуле, карикатурист.

Сепак, изложбата на стари фотографии од Делчево и импровизираната летна тераса која алудираше на познатата делчевска кафана Монте Карло, ги привлече повозрасните делчевци, кои се потсетија на животот во Делчево пред половина век.

  • Постоеше големо пријателство, одевме на корзо во Монте Карло, имаше многу тополи и беше многу убаво, сега неединство, вели Ванчо Ангелов.

Пијанечките денови на сливата имаат една цел, промоција на овошјето кои овде во добра година дава и по 5 илјади тони сливи.

  • Целта е да се подобри локалниот економски развој. Да се вклучат луѓето кои произведуваат и егизистираат од сливите, изјави Тони Стоименовски, Општина Делчево.

Иако годината за сливите беше лоша и овде се набраа само 5% од очекуваниот род, сепак, сината слива останува основна овошна култура кај делчевските овоштари. Општината планира  да започне постапката за брендирање на сината слива како специфичен производ од Пијанец.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *