Започна асфалтирањето на пристапните улици во Индустриската зона во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26. Декември 2023 година – Започна асфалтирањето на пристапните улици во Индустриската зона во Македонска Каменица. Проект чија реализација од Општината го означуваат како еден од најзначајните за развојот и напредокот на локалната економија во Македонска Каменица.

– Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, денска во согласност со своите работни задачи изврши увид во текот на асфалтирањето на пристапните улици во Индустриската Зона, каде изјави дека „Со оваа инфраструктурна инвестиција, имаме за цел подобрување на пристапот до нашите индустриски објекти, со што непосредно ќе создадеме услови за развој и напредок на нашата локална економија. Со користење на модерна технологија и современи инженерски решенија добиваме не само удобни и безбедни улици, туку и директен стимул за забрзан економски развој на Македонска Каменица“.

За реализација на овој инфраструкурен објект од Буџетот на општина Македонска Каменица се издвоени 7.643.748,15 денари. Од таму, истакнуваат дека паралелно со изградбата на пристапните улици во Индустриската зона се работи на изградба на улица Новопроектирана и улицата 28 Август, двете во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *