ЖФК Каменица САСА го потврди учеството на силниот Меѓународен турнир кој на 06 и 07 Август 2022 година, ќе се одржи во Речица, Куманово.
Полуфиналните натпревари, помеѓу ЖФК Каменица САСА – ЖФК Лесковац и ЖФК Речица – ЖФК Црвена Звезда ќе се одиграат во сабота на 06. Август.
Победниците од овие натпревари, во недела со почеток од 18:00 часот, ќе го одиграат финалниот натпревар. Претходно, ќе биде одигран натпревар за трето место, со почеток од 16:00 часот.
На каменичките девојки им посакуваме многу успех во учеството на овој Меѓународен турнир, убави натпревари со можност за надигрување со силните противници, како и воигрување на тимот и за достигнување на потребната форма пред почетокот на новата натпреварувачка сезона од Првата женска фудбалска лига на Македонија.