Започна зачленувањето во Доброволното противпожарно друштво САСИ – Македонска Каменица (ФОТО)

Македонска Каменица, 05.08.2022 година – Денеска, пред просториите на ДПД САСИ – Македонска Каменица, врз основа на претходно објавениот Јавен повик од друштвото, започна зачленувањето на нови членови во друштвото.

Обраќање кон присутните доброволци, имаше претседателот на ДПД САСИ Македонска Каменица, Ангелчо Стоименовски кој пред новите 20 членови ги повтори основните постулати и насоки според кои ќе работи друштвото.

„Ние, согласно статутот на друштвото, во иднина ќе функционираме како доброволна, хуманитарна и непрофитна граѓанска организација. Наша основна цел, првенствено ќе биде помагање при гаснење на пожари, помагање и справување при секаков вид на елементарни непогоди“, – истакна Стоименовски, дополнувајќи дека „Член на Доброволното противпожарно друштво може да биде секој граѓанин на општина Македонска Каменица, без разлика на полова, верска, национална или било која друга припадност“.

„Денеска, кон друштвото пристапија 20 нови членови. Јавниот повик останува отворен и понатаму. Очекуваме бројот на наши членови, во иднина да биде уште поголем, со што ќе можеме навремено и секогаш подготвени, во што поголем број да одговориме на потребите на граѓаните“ – кажа претседателот на доброволното друштво Ангелчо Стоименовски

Формирањето на доброволното противпожарно друштво е од особена важност за заедницата, бидејќи ќе обезбедува дополнителна сигурност и логистика при едентуални непогоди и катастрофи. ДПД САСИ Македонска Каменица, веќе склучи Меморандуми за соработка со општина Македонска Каменица, ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица.
Во иднина, друштвото покрај обврзувачките обуки за сите активни и пасивни членови, ќе воспостави соработка со повеќе општествено одговрни компании, како и непосредна соработка со останати доброволни протипожарни друштва од други градови во регионот и државата.

Како што беше нагласено и во Јавниот повик од друштвото, пријавувањето може да се врши на следните телефонски броеви:
– Ангелчо Стоименовски 071 279 592
– Димче Велков 071 358 120
– Гоце Стоиловски 070 857 181

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *