ЖФК Каменица САСА и Љуботен одиграа без голови на Градскиот стадион во Македонска Каменица (ФОТО)

Македонска Каменица, 11. Ноември 2023 година – Без голови заврши најголемиот дерби натпревар во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Бодовите ги поделија лидерот на табелата ЖФК Каменица САСА и тетовски Љуботен.
Линк до ФОТОГАЛЕРИЈА од натпреварот ОВДЕ
Исклучително тешкиот и влажен терен за игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица беше главен сојузник на гостите, кои успеа да упатат само еден удар кон голот на ЖФК Каменица САСА во текот на целиот натпревар.
Иако домашната екипа имаше блага иницијатива и контрола над играта во текот на целиот натпревар, не успаа да реализираат повеќе изгледни шанси за гол. Најсериозна шанса за гол имаа во средината од првото полувреме, кога и пречката беше сојузник на гостите и топката заврши над голот.
Во редовите на ЖФК Каменица САСА не беа присутни три стандардни и би рекле едни од најдобрите фудбалерки во екипата. Сите три се казнети на претходниот натпревар одигран на гости против екипата на Асс Јунајтед во Струга.
ЖФК Каменица САСА е лидер на табелата во Првата женска фудбалска лига на Македонија, со 27 бодови. Втор е Љуботен со бод помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *