ЖФК Каменица САСА го објави почетокот на соработката со Kodex Group INC

ЖФК Каменица САСА објави почеток на соработката со Kodex Group INC

 

ЖФК Каменица САСА преку своите официјални налози на социјалните мрежи упати огромна Благодарност до Kodex Group INC Transportation во САД, за обезбедената нова опрема за сениорската екипа.

“Добиената поддршка ќе ја насочиме кон системско надоградување на тимот и кон создавање на подобрени услови во нашиот клуб. Од името на раководството на клубот, стручниот штаб и сите членови фудбалерки, упатувам благодарност до Kodex Group INC за поддршката”, изјави Зоран Злстковски, претседател и тренер на Женскиот фудбалски клуб од Македонска Каменица, кој додаде дека “со ваквата поддршка клубот во наредните натпреварувачки сезони ќе биде уште подобар со значително поуспешни резултати постигнати заедно со помагателите”.

Kodex Group INC е американска компанија препознатлива по своето општествено одговорно делување, прогрес и постојаниот раст во работењето со широк опус на дејности, кои целата приказна ја чинат успешна.

#ОдимеНапред

#ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *