Ергените од Источна Македонија сеуште за 1000 евра купуваат невести од Албанија

Невестите од Албанија стануваат популарни во селата низ нашата земја, особено во источниот дел од државата каде што ергените мака мачат да ги убедат Македонките да се омажат за нив.

Па така, додека Македонките бегаат во градовите, особено во Скопје, за да живеат посовремен живот барајќи прилика да се омажат за некој, бизнисот со албанските невести цвета.

На популарната друштвена мрежа Фејсбук, се отвораат многу профили за брачно посредување.

Ако имате озбилни намери да се жените и да стапите во брак, а времето поминува многу бргу, ние гарантираме дека веднаш ќе го решиме проблемот и ќе ви пронајдеме сопруга најкасно во рок од една недела, посредуваме со гаранција 100 отсто успешност, девојките се над 18 години и со целосно одобрување на нивните родители”, стои во описот на еден ваков профил.

Околу 1000 евра чини купување на девојка од Албанија. Некогаш трошоците можат да бидат и помали, но не и повисоки.

За едно одење до Албанија ќе чини 200 евра, а таму ќе може да си избере невеста од неколкуте девојки кои ќе му бидат понудени. Најчесто, за бендисување невеста се одело за викенд. Откако работата ќе биде успешно завршена, се плаќала провизијата од околу 1000 евра.

Социолозите носењето жени од Албанија го оценуваат како нужност поради целокупната ситуација. Како што велат, има повеќе причини што има толку многу ергени по селата и градовите од Истокот, а едната е што во селата нема добра инфраструктураи комплетно целиот регион е со полупразни или празни села.

– Другиот проблем е културолошки. Добар дел од жените не сакаат да се занимаваат со земјоделство, да бидат селски невести и се создава јаз меѓу она што го нуди модерното време и еманципацијата на жената и ситуацијата на село – тешкиот живот, каде што целиот товар од домаќинството паѓа на жените. Заради тоа најдобриот начин е да се избега од селото. Кај жените сега постои поголема свесност за модерното од порано, посочуваат тие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *