Епископот г. Марко изврши осветување на новото црковно ѕвоно и новата црковна продавница во нашата градска црква „Успение на Пресвета Богородица“

Македонска Каменица, 24. Март 2023 година – Како што стои во соопштението објавено од Делчевско – каменичката епархија, денеска во неделата на Православието, или првата недела од Велигденскиот пост, Неговото Високопреосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко Богослужеше во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.
По Светата Литургијата епископот благоизболи, да изврши осветување на новата проширена и реновирана продавница за црковни предмети која се наоѓа во склоп на црквата. Исто така, го освети и новото црковно ѕвоно кое ќе се постави како второ ѕвоно на црковната камбанарија.
Епископот за време на чинот во обраќањето кон присутните, искрено, се заблагодари на донаторот на црковното ѕвоно градоначалникот г. Димче Атанасоски, кој самоиницијативно со сопствени сретства го набави ова црковно ѕвоно, – велат од Делчевско – каменичката епархија од каде истакнуваат надеж, дека оваа камбана ќе ја збогати милозвучноста на црковните ѕвона и долги години ќе биде прекрасен гласник, кој ќе го повикува верниот народ на молитва.
Од Делчевско – каменичката епархија упатуваат благодарност и до нашиот сограѓанин Дејан Митевски кој сега живее и работи во Скопје, за несебичното залагање во изработката на инвентарот во денеска осветаната црковна продавница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *