ДУХОВДЕНСКИ ПОНЕДЕЛНИК: Стари обичаи за заштита на домот и семејството од лоша среќа

Дознајте што треба секоја жена да направи на Духовденски понеделник, според старите традиционални обичаи, за да се заштити домот од лоша среќа. Православните верници денес го празнуваат Духовденски понеделник, првиот ден после празникот Света Тројца.

Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресени.

Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Педесетницата се нарекува уште и „крајот на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една од службите на месијата го назначува токму крштевањето преку светиот дух, односно негово излевање врз човештвото.

Иако духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден тој се покажува во својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на светиот дух, тој е оној кој го собира божјиот народ во телото Христово, односно црквата.

Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во црногорското и хрватското приморје овие денови се нарекуваат и Русаље или Русаљи, а во Македонија и кај останатите Јужни Словени со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица.

На Духовден се внесувале билки во храмовите, од нив верниците плетеле венчиња кои ги носеле како заштита од де-моните, но и како практична заштита од молците и другите ште-точинки во своите куќи. Гро-бовите се прекривале со листови од орев, а некаде се кителе само крстовите.

На Духовден во Македонија не се спиело ноќе, на гро-биштата луѓето седеле цела ноќ и раздавале храна за ду-шата на по-којните. Задолжително е носење на цреши во земјани садови кои според верувањата со симболично давање на блиските кои ја преминуваат границата на оној свет и им служат на по-којните во тој задгро-бен живот.

Во Јужна Србија се верува дека човек роден на Духовден, секоја година на таа ноќ во стаклото на шишето во кое има вино може да ги види мрт-вите и да комуницира со нив, но пред да го стори тоа мора да помине низ обред-ни елементи меѓу кои е и да отиде до гро-бот без да се сретне со некого.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *