Дечињата од „Бамби“ ги покануваат родителите да присуствуваат на пригодната програма по повод 33-от роденден на детската градинка

Дечињата од „Бамби“ ги покануваат родителите да присуствуваат на пригодната програма по повод 33-от роденден на детската градинка

Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица на 21. Март – Денот на пролетта го прославува својот 33-ти роденден. По тој повод дечињата на „Бамби“ ги покануваат своите родители, да ја проследат богатата пригодна програма подготвена од нив и воспитно- негователски тим при установата. Пригодната програма започнува во 10:00 часот, истата ќе биде изведена во холот од установата.

– Вкупно 33 генерации на дечиња од нашиот град поминале низ „јаслите“ и „занималните“ од детската градинка „Бамби“ што за нас вработените претставува голема радост и има големо значење. И ние, како воспитно- негователски кадар се приклучуваме кон поканата од дечињата до родителите. Ве покануваме да бидете просутни на роденденот на „Бамби“ каде заедно ќе ги проследниме нивните весели музички точки и ќе го поздравиме доаѓањето на пролетта, – истакнуваат во делот од поканата од детската градинка Бамби

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *