Дерби на колото: Вардар и Баскет Кам играат за втората позиција на табелата

Скопје, 16.11.2021 година – Утре, со почеток од 17:30 часот, се игра дерби натпреварот од 5. Коло на Првата женска македонска кошаркарска лига помеѓу екипите на Вардар Скопје и Баскет Кам од Македонска Каменица.

Значаен натпревар за двете екипи. Екипата на Вардар со победа ја зацврстува втората позиција на табелата, додека Баскет Кам ќе се обиде со победа на гостински терен да го преземе второто место на табелата.

„Тренерот на Баскет Кам, Јордан Цветановски е оптимист пред натпреварот, верува во победа на својата екипа, со тимска игра и пожртвувана борба на секој дел од теренот. Ветуваме интересен натпревар, екипата добива на воиграност и дисциплина во играта. Формата и мотивираноста во нашите редови се на високо ниво“, – додава Цветановски пред утрешното дерби на колото во македонската женска кошарка

Екипата на Баскет Кам е актуелен двоен шампион на Македонија и прворангиран македонски претставник во Европската WABA лига.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *