
По теркот на ЕУ, Делчево, Берово и Пехчево денеска ја основаа Локалната акциска група „Малеш-Пијанец“. Општините заедно со НВО и бизнис-секторот од регионот се основачи на ЛАГ-от кој треба да донесе развој на регионот.
- Ова денешно основачко собрание е почеток на регистрацијата на ЛАГ која потоа ќе вклучи и други претставници од НВо сектор и бизнис секторот. Лаговите и во Европа и во целиот свет функционираат на тој начин со проекти. Ние и досега користевме средства од проекти, но сега здружени сите заедно можеме да добиеме и поголеми средства што ќе придонесе за развој на регионот, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.
Формирањето на ЛАГ –от „Малеш Пијанец“ е согласно Лидер пристапот за поддршка на руралниот развој кој се имплементира воз емјите на ЕУ и Македонија како земја кандидат за ЕУ.
- Развојот на територијата на руралните заедници е согласно со принципот одоздола нагоре.Значи врз основа на реалните потреби и приоритетите искажани од сите засегнати страни на локално ниво се креираат политиките за развој и се имплементираат. Во изминатите две години засегнатите страни од микро регионот рабтеше на подготовка на стратегија за рурален развој во кој се дефинирани проиоитети за следниот период, мерки и насоки, кажа Јасминка Пашалиска-Андоновска- „Амброзија“- Пехчево.
- Овој ЛАГ ќе има своја канцеларија, свои вработени лица, своја структура управен одбор, и сите со заеднички сили, вклучувајќи ги и членовите кои сакаат да се вклучат во овој ЛАГ, ќе можат да аплицираат за финансиски средства и со средствата што е се добијат да придонесат за развој на регионот, рече Тони Стоименовски, Општина Делчево.
Следната фаза е регистрација на ЛАГ-от „ Малеш Пијанец“ и негово впишување во регистерот на МЗШВ.