Голем успех на шахистите од Македонска Каменица во квалификациите за пласман во Втората шаховска лига на Македонија. Тие во рамки на последниот турнир одигран минатиот викенд, успеаја да се пласираат на 5 место од 18 екипи.
Највпечатлив настап имаше нашиот сограѓанин и општински првак Лазо Стаменковски, кој успеа да освои 5,5 од вкупно 6 поени.
Од Шаховскиот клуб “Каменица Саса” упатуваат благодарност до спонзорите и помагателите на клубот. Исто така, упатуваат честитки до сите членови на тимот за остварените успеси, како и до сите членови на клубот.