ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: УШТЕ ЕДНА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ВО РЕДОВИТЕ НА ЖКК БАСКЕТ КАМ

Македонска Каменица, 26.08.2021 година – Марија Николов од вчера е ново засилување Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица.
Станува збор за најдобрата поединка во редовите на македонската М-16 репрезентација која пред две недели го освои Челенџер турниот во Тбилиси, Грузија.

 

Марија Николов во Македонска Каменица доаѓа од редовите на скопски Бадел1862, каде настапуваше во младинските категории во претходните сезони. Доминацијата на теренот во репрезентативниот дрес ја има преку високите 14,8 поени по натпревар, 10,6 асистенции и 7,8 укредени топки по натпревар ја прави играч со висок 11 коефициент по корисност во играта.

Со ова најново засилување, Баскет Кам како двоен шампион во домашното првенство и дебитант во ВАБА лигата, покажува дека има сериозен пристап кон формирање на новиот тим со кој ќе ја продолжи доминацијата во домашното првенство.

„Градиме и развиваме нова екипа, каде продолжуваме со нашиот препознатлив стил на игра. Сакаме да бидеме тим кој со спојот на млади и искусни поедници ќе продолжи да ги диктира процесите и модерниот пристап во развојот на кошарката во Македонија, а со тоа Македонска Каменица да проддолжи да се развива како национален и регионален кошаркарски центар“ – изјави Јордан Цветановски, стратег на женскиот клуб од Македонска Каменица, дополнувајќи дека „Тимот продолжува да вложува во младинските категории. Сезоната пред нас е една од најважните за Баскет Кам како екипа и проект кој постојано расте и се развива. Сакаме годинава во нашиот дрес да се најдат што поголем број од најдобрите младински поединки и членови на македонската златна генерација која летово успеа да слави на Челенџерот во Грузија“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *