Утре, в недела на 16. Јуни, во црквата Св. Пророк Илија во нашиот град Македонска Каменица, со Светата Божествена Архиерејска Литургија ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко.
Пречекот на Епископот Марко ќе биде во 07:30 часот, а по завршувањето на Светата Литургија, ќе бидат поставени и осветени темелите на новата резиденција на нашата Делчевско каменичка Епископија.
– За време на Светата Литургија и поставувањето на камен темелникот, покрај бројните верници и граѓани, ќе бидат присутни градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и претставници од локалната самоуправа.