Вработените во ЕЛС Македонска Каменица и ЈП Камена Река ја спроведоа акцијата „Засади дрво“

Вработените во ЕЛС Македонска Каменица и ЈП Камена Река ја спроведоа акцијата „Засади дрво“

Македонска Каменица, 21. Март 2024 година – Со акцијата “Засади дрво” денеска во Македонска Каменица беше одбележан првиот Ден на пролетта. Во акцијата учествуваа вработените во ЕЛС Македонска Каменица и ЈП Камена Река.  кај м.в Магилка.
Влогот во животната средина е секојдневен. Засадувањето дрвја е само еден од примерите како може да придонесеме кон поздрава, почиста и позелена околина. Нека пролетта ни биде радосна и полезна, со добри услови за земјоделците и за културите кои ги одгледуваат, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски по завршувањето на акцијата
Во рамки на акцијата, беше опфатен просторот околу Магилката во Македонска Каменица, каде денеска беа засадени повеќе зимзелени и листопадни декоративни садници на дрвја. Општина Македонска Каменица во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување, во изминатиот период интензивно работи на подобрување на условите за одржување на масовните народни собири на Магилката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *