ВО ФИНАЛНА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 16. Ноември 2022 година – Во финалната фаза е изградбата на супер модерниот и повеќенаменски “Спортски Комплекс” во Македонска Каменица.
„Веќе работиме на набавка на нови голови за помошниот стадион, изградба на тоалети и поставување на соодветна урбана опрема. Во текот на 2023 година, со изградба на отворен амфитеатар ќе го решиме просторот под градскиот базен, а ќе ја уредиме и пристапната улица до комплексот“ – стои во соопштението од текстот објавен од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Во овој дел, како што објавува градоначаникот Атанасовски, ќе биде изграден и мал парк кој ќе биде дополнителен простор за релаксација на каменичани.
Спортскиот комплекс се гради на просторот од поранешното Помошното спортско игралиште, кое неколку децении наназад беше еден од најнеуредените делови на урбаната градска средина. Со изградбата на овој Спортски комплекс, Македонска Каменица ќе добие мултифункционален простор за потребите на локалните спортски клубови и за потребите на сите граѓани на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *