Вицепремиерот Анѓушев во посета на рудникот „Саса“

img

Вицепремиерот Анѓушев во посета на рудникот „Саса“

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица каде ќе оствари средба со раководството на рудникот.

На средбата ќе се разговара за состојбата и предизвиците во рударскиот сектор, како и за тоа како да се развива оваа гранка согласно европските стандарди. Ќе стане збор и за тоа како да се подобри статусот на работниците во рударскиот сектор.

По завршувањето на посетата на рудникот “Саса”, Анѓушев ќе го проследи Второлигашкиот натпревар помеѓу екипите на ФК Каменица САСА и ФК Борец, кој ќе се одигра од 16:00 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *