Бугарија со поддршка од ЕУ ќе го менува левот со евро

Претседателот на Франција Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел наводно му ветиле на бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на неговата посета на Берлин и Париз дека ќе ѝ помогнат на Бугарија да влезе во Европскиот механизам на девизни курсеви, ЕРМ-2, што е претходница за влегување во еврозоната.

„Од наш аспект, Бугарија би требало да биде способна да партиципира во сѐ што е можно побргу“, кажа Меркел.

Макрон кажа дека ќе ја поддржи и бугарската кандидатура, која е долго на чекање, за придружување на безвизната Шенген зона. Одлуката за тоа е одложувана поради загриженоста за корупцијата и правосудството во таа земја. Според организацијата Транспаренси интернешнал, Бугарија во тој поглед има најлоша оценка во европскиот блок.

Бугарија, и понатаму најсиромашната држава во Унијата, која ѝ се придружи пред десетина години, го постави воведувањето на еврото како приоритет во првите недели на третата влада предводена од Бојко Борисов.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published.