Поранешниот репрезентативец на Македонија, нашиот сограѓанин Бојан Трајковски си обезбеди место во историјата на македонската кошарка како прв играч кој успеал во иста натпреварувачка сезона да стигне до два трипл-дабл натпревари. Ветеранот Трајковски беше во главна улога во триумфот на Феникс над Академија ФМП со 109-76. Крилниот центар доминираше против младиот гостински состав од Кисела Вода, реализирајќи 19 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
Покрај одличниот Трајковски, во победничкиот тим се истакнаа и Рис со 24 поени и 18 скокови и младиот Стојковиќ со 12 поени и пет асистенции. Најефикасни во таборот на Академија ФМП беа Петровски и Масевски со по 19 поени.
Трајковски првиот трипл-дабл сезонава го имаше на дуелот со Работнички, кога го предводеше Феникс до триумф со одличен ефект од 12 поени, 13 скокови и 10 асистенции.