БАСКЕТ КАМ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НЕДОСТИЖЕН ЗА КУМАНОВКИ

Една одлична четвртина им беше доволна на кошаркарите од Македонска Каменица да го совладаат Куманово-Гризли, (70:54)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам недостижен за кумановки

Добрата форма во која полека влегува актуелниот шампион во овој втор дел од сезоната ја потврди и на гостувањето во Куманово. Одлични десет минути, и пред се ефикасни, во втората четвртина (ја решија во своја корист со 27:13) им беа доволни на кошаркарките на Баскет Кам 2011 да излезат како победници против мотивиранито кумановски состав.

На крајот тоа изгледа и убедливо (70:54) во корист на екипата од Македонска Каменица која сега е на скор (11-2), и има победа повеќе во однос на Вардар, кој својот меч од ова 13. коло (против МЗТ Скопје Аеродром) ќе го одигра во текот на наредната седмица.

Димова беше прво име во победничката екипа. Искусната кошаркарка реализираше 28 поени. Капитенот Поп Димитровска додаде 20.поени, а Кметовска уште 11.

Најискусната во редовите на Гризли Куманово беше интернационалката Снежа Алексиќ, која реализираше 29 поени. Таа пред две сезони настапуваше во составот на Баскет Кам од Македонска Каменица, нешто кое ги промовираше нејзините квалитети и на македонската кошаркарска сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *