БАРДИ: МАКЕДОНИЈА Е „ГЛАДНА“ ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, ЌЕ ДАДЕМЕ СЕ САМО ДА СЕ ПЛАСИРАМЕ!

Енис Барди, можеби најдобриот играч на нашата селекција на вечерашниот меч со Косово, даде свој коментар околу натпреварот, како и за очекувањата со Грузија.

„Го почнавме натпреварот со притисок. Беше малку тешко на почетокот. Екипата беше добра поставена, тие немаа ниту една шанса, само грешката што се случи и дојдоа до 1:1. Тоа не не поремети, продолживме да играме наша игра. Одевме на победа, било што и да се случуваше во текот на натпреварот, само цел ни беше да победиме и да влеземе во финале“, рече Барди. 

Тој на прашање дали е сега рано да се зборува за мечот со Грузија кој може да ја однесе Македонија на ЕП, даде коментар.

„Можам да кажам дека Македонија е гладна за пласман на Европско првенство. Ова денеска беше еден добар меч за нас, како загревање за тој натпревар. Сите сме свесни што можеме, и ќе дадеме се од себе да дадеме само да одиме на тоа Европско“, рече Барди по мечот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.