Денеска со објава на социјалните мрежи, градоначалникот Атанасовски го објави почетокот на изградбата на водовод кој опфаќа поголем дел од домаќинствата во селата Луковица и Тодоровци.
– Започна изградбата на нова водоводна линија за потребите на населението во село Луковица и село Тодоровци во вкупна должина од 2 километри, – стои во објавата од градоначалникот Атанасовски
Реализацијата на овој проект има огромно значење за жителите од Луковица и Тодоровци. Покрај постојаното снабдување, тие добиваат проверена чиста и здрава вода за пиење.