Денес, во официјална работна посета на општина Македонска Каменица беше амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, г-ѓа Лепа Бабиќ. На средбата со градоначалникот, д-р Дарко Митевски, се разговараше на повеќе теми од политичката и економската сфера, за можноста за размена на искуства и продлабочување на соработката, преку заедничко аплицирање на општина Македонска Каменица и општини од Босна и Херцеговина на повиците на различни европски финансиски фондови.