Македонска Каменица, 06.Јуни.2018 година – Двајца возачи и двајца сопатници биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево. Од увидот било утврдено дека сообраќајната несреќа што се случила пет минути по полноќ, се судриле автомобил „застава125“ управуван од В.П.(39) од Делчево, и автомобил „шкода“ што го управувал А.Л.(25) од Македонска Каменица.
Од ударот со тешки повреди се здобиле возачот на заставата и сопатникот И.Н.(40), кои веднаш по сообраќајката биле пренесени на Клиниките во Скопје.
Возачот на шкодата и соптаникот Ѓ.С.(25) биле полесно повредени.