Успешен почеток на грејната сезона во каменичките училишта и детската градинка „Бамби“

Македонска Каменица, 15. Окотомври 2024 година – Успешно започна грејната сезона во каменичките општински училишта. Со навремени подготовки и обезбедување на доволни количини на енергенси за греење, сите училници и останати простории во училиштата беа затоплени од раните утрински часови за пријатна и комфорна атмосфера за учење и работа.

Раководствата на училиштата исто така изразија задоволство со подготвеноста за нова учебна година. „Благодарение на соработката со Општината, работиме на создавање на идеални услови за работа, како учениците и наставниците би се фокусирале на успешно спроведување и реализација на наставата“, – изјави Виктор Георгиевски, директор на Општинското општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица

Во детската градинка Бамби, како што изјави директорката Тодорка Велиновска, поради ниските утрински температури, системот за парно греење е ставен во функција од почетокот на месец октомври.
Општина Каменица и во иднина ќе продолжи да вложува во образованите и воспитно негователските институции и да обезбедува најдобри услови за развој на младите генерации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *