Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24. Ноември 2023 година – Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите училишта на територијата на Општина Македонска Каменица. Едногласно изгласаната одлука од Советот на општина Македонска Каменица доаѓа по иницијатива од градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски.

 

– Станува збор за иницијатива преку која, во иднина и на територијата на Општина Македонска Каменица, ќе се изразува почит кон татковината, со цел подигање на националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, македонската култура и традиција, – истакнува градоначалникот Атанасовски за иницијативата кон Советот на Општината, која следува по примерот од повеќе општини во регионот и државата.

Како што стои во одлуката донесена на 32-та Седница на Советот на општина Македонска Каменица, државната химна на Македонија ќе биде интонирана секој понеделник пред почетокот на наставата во Средното општинско училиште „Миле Јаневски Цингар“ и Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица и подрачните училишта на целата територија на Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *