Младите кошаркарки ќе учествуваат на традиционалниот турнир „Словенија бол“ во Словењ Градец
Селекторот на нашата најмлада женска национална селекција „Под 14“ години, Горан Даниловски, го дефинираше списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните активности, а се поврзани со учество на меѓународниот турнир „Словенија бол“ кој во текот на август ќе се одржи во Словењ Градец.
На првиот тренинг кој ќе се одржи на 12.јули (понеделник) во салата на КК „Вардар“ (Под Кале) во Скопје, со почеток од 18. часот, треба да дојдат вкупно 16. кошаркарки.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
Ања Начевска (Вардар)
Бојана Николиќ (Вардар)
Мартина Џингаровска (Вардар)
Теодора Марининовска (Вардар)
Бојана Анастасиевска (Вардар)
Теа Трајковска (Вардар)
Нена Китановска (Крива Паланка)
Анастасија Стојановска (Крива Паланка)
Ива Каранфиловска (Гостивар 2009)
Ана Марија Горгиевска (Гостивар 2009)
Стела Стојановска (Баскет КАМ)
Мила Радевска (Пробаскет-Пробиштип)
Ангела Ангеловска (Пробаскет-Пробиштип)
Ана Димиќ (Тим Арена-Штип)
Сара Белковска (Струга 2009)
Лара Малиновска (МЗТ Скопје Аеродром)
Селектор: Горан Даниловски