ОБНОВЕНО: АВТОБУСОТ ШТО ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – СКОПЈЕ Е СО ГРЧКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

img

Грчки автобус излета од автопатот кај Велес, 20-тина повредени (ОБНОВЕНО)
Автобус со грчки таблички вечерва излетал надвор од коловозт на автопатот Скопје – Велес.

Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се околу 20 лица.

– Околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извелекување на повредени, потврдија за МИА од МВР.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ др. Иван Спировски за МИА информира дека според нивните првични сознанија околу 20 лица биле повредени, од кои кај нив се примени шест лица кои се во фаза на испитување, а по извршените снимања ќе се утврди дали ќе бидат хоспитализирани.

– Засега на Универзитетската клиника за хируршки болести се примени шест пациенти кои што се во фаза на испитување. Еден е потешко повреден со контузија на градниот кош и на стомакот и е во фаза на испитување на компјутер. Уште една пациенка е со скршеница на левата надлактица, изјави др. Спировски.

Поради сообраќајната незгода автопатот е затворен и создадени се колони од возила./МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *