МАРТИН РИСТОВСКИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПАТУВА НА СВЕТСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ФИЗИКА ВО ЈОГЈАКАРТА ИНДОНЕЗИЈА

Мартин Ристовски е роден 2000-та година во Македонска Каменица, денес учи во ПСУ „Јахја Кемал“ во Бутел – Скопје. Првите две години од своето средно образование ги поминува под гимназиска општообразовна програма, а од Септември минатата година и во наредните 2 години, ќе биде дел од природно-математичката насока, која соддржи поголем фонд на часови по предметите од природните науки, математика и информатика.
Со натпреварите по физика започнува во осмо одделение, уште во основното училиште “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Има освоено Прва награда во осмо и деветто одделение на државните натпревари, и со тој резултат на приемниот испит во „Јахја Кемал“, добива целосна стипендија.

Како средношколец, го засилува процесот на припреми, го оддржува нивото на државните натревари како еден од највисоко рангираните ученици од својата генерација, а со тоа учествува и на Македонската Олимпијада по Физика во 2016та година.
Оваа учебна година, неговото учеството преминува во успех. Со двата селекциони натпревари кои се оддржаа во февруари и март се пласира во македонскиот тим на новата Европска Олимпијада по Физика, која се оддржа во Естонија од 20-ти до 24-ти мај. Потоа, на 7-ми јуни се оддржа овогодинешната Македонска Олимпијада по Физика, на која Мартин Ристовски се пласира помеѓу првите ученици, со што е дел од тимот кој ќе ја претстави Македонија на Меѓународната Олимпијада по Физика од 16-ти до 24-ти јули, во Јогјакарта, Индонезија.

Меѓународната Олимпијада по Физика (IPhO – International Physics Olympiad) е годишно натпреварување меѓу најдобрите средношколци во светот. Се оддржува веќе од 1967мата година, а оваа година ќе учествуваат над 420 ученици од речиси 90 држави. Македонија годинава настапува со тим од 3 ученици, меѓутоа се надевам дека веќе од наредната година, ќе успееме како држава да излеземе со целосна селекција од 5 ученици во Португалија – вели Мартин Ристовски за идните планови како дел од македонскиот олимписки тим.


Планира да продолжи со припремите и за да учествата на натпреварите по физика и во наредните две години. Европската Олимпијада наредната година ќе се оддржи во Москва, Русија, а Меѓународната во Португалија (2018) и во Израел (2019). Потоа, би сака да го продолжи образованието во таа насока, да студира физика во добар универзитет во САД или Западна Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *