За Денот на независноста, близу 8.000 Македонци ја поминале само границата кон Бугарија кај Делчево

Продолжениот празничен викенд ги наполни бугарските туристички центри, но и плажите во Грција. Само преку Граничниот Премин Делчево на 8 Септември за Банско или Грција заминале 2000 патници. Најмногу од Скопје, но и Тетово, Охрид, Штип и од цела Македонија.

  • За продолжениот викенд на ГП Делчево поминале на влез и излез 7750. Само на 8 септември на влез и излез се евиднетирани 3075 патници од кои 2000 беа на излез и 90% од нив се македонски државјани. Најмногу патуваа за Банско Бугарија и Грција, изјави Марјан Димитровски, командир на ПС на ГП Делчево.

 

Зголемената фреквенција на возила и за овој празничен викенд на ГО Делчево создаде  километарски колони автомобили кои чекаат и по неколку часа з авлез во соседна Бугарија.

  • Кај нас патниците не се задржуваат, освен за времето што е потребно за гранична контрола. Проблемот е на бугарската страна на преминот Станке Лисичково, што е тесно грло и каде има две ленти за влез и излез и на едно место се и товарните возила и патничките и автобусите, дополни Димитровски.

Дека и овој празничен викенд им започнал со нервози на ГП Станке Лисичково, сведочат и туристите.

  • Доаѓаме од Банско бевме за викенд, чекавме 2 часа за да влеземе во Бугарија, изјави турист.
  • Ние сме од Велес..овде нема гужва проблемот е од бугарска страна, кажа друг патник.
  • Јас сум од Софија и одиме за Делчево. Веќе трет пат одиме таму, бидејќи ни е убаво. Инаку, овде нема гужви на преминот се е нормално, рече посетител од Бугарија.

Последниве 10 години фреквенцијата на граничниот премин Делчево е зголемена за 100% и оваа година се очекува на овој граничен премин да влезат и излезат од државава околу 600 илјади патници, а само летово се евидентирани 170.310 патници. Дневно овде поминуваат по 150 товарни возила или месечно 3 илјади, фреквенција на возила која не соодветствува за тесното грло на бугарскиот премин за влез во Европа.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *