Денешниот датум со посебна симболика

Погледнете во календарот, денешниот ден има посебна симболика

Денешниот датум на некој начин е посебен. Имено, датумот 7 октомври 2017 година се чита исто гледано од двете страни, од лево кон десно и од десно кон лево. Овие датуми се нарекуваат палиндромски, а причината е многу едноставна.

Палиндром е збор, број или датум кој и одназад се чита исто. Она што го прави денешниот датум уникатен е дека октомври има по еден палиндромски ден во годината, почнувајќи од 2011 па до 2020 година.

Интересно е и тоа што поради различниот начин на пишување на датумите, палиндромските денови, паѓаат во текот на различни периоди од годината.

На пример, во Индија при пишување на датум најпрво се наведува денот, па месецот и на крај годината, што значи дека според нив 7 октомври е палиндромски датум.

За разлика од нив, Американците прво го пишуваат месецот, денот и на крајот на годината, што значи дека кај нив палиндромски датум се паѓа во јули.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *