Бели тартуфи продадени за 75.000 евра

Неколку бели тартуфи со вкупна тежина од 850 грама продадени се за 75.000 евра на традиционалната аукциска продажба во Алби на северниот дел на Италија.

По пат на сателитска врска претприемач од Хонгконг  ги купил тартуфите.

– Ситуацијата е малку подобра во последно време, но оваа година нема да биде одбележана со голема продажба на бели тартуфи, рече Изабела Џаниколо од Центарот за студии за тартуфи во Италија.

Според неа, сушата придонела за помал број тартуфи и лош квалитет на тартуфите. Цените на тартуфите на аукциските продажби се многу поголеми на пазарите каде цената се движи од околу шест илјади евра за килограм.

Белите тартуфи меѓу најскапите производи во светот. Се собираат во некои предели на Италија од октомври до декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *