Facebook ќе ги шифрира пораките на Messenger

Извор : (© AP Photo/Eric Risberg)

Социјалната мрежа Facebook објави дека започнала со тестирање end-to-end на шифрирањето на „тајните разговори“ во апликацијата Messenger, тип на енкрипција при кој само испраќачот и примачот ќе го поседуваат заедничкиот клуч, неопходен за шифрирање и дешифрирање на пренесуваните пораки.
Пораките на корисниците ќе бидат шифрирани и врзани на одреден уред, па овие преписки за кои корисниците ќе сакаат да бидат заштитени ќе можат да се прочитаат само на еден електронски уред, соопштија во писмена изјава од Facebook.

Оваа иновација, според нејзините развивачи, е создадена со цел корисниците да можат да разговараат за чувствителни прашања.

„Слушнавме од вас дека сакате да имате дополнителни гаранции, на пример, кога станува збор за лични информации, како болести и прашања со здравствени проблеми, со блиски пријатели или семејството, или да испратите финансиски податоци на сметководителот“, истакнуваат од Facebook.

Се додава дека и пораките и повиците во Messenger веќе се солидно заштитени, бидејќи апликацијата користи безбедни канали за комуникација, како и моќните алатки на Facebook, кои овозможуваат да се блокираат спамовите и програмите кои предизвикуваат оштетување.

Во „тајните преписки“ ќе има можноста и да се постави тајмер, кога по истекот на времето испратената порака ќе се „самоуништи“. Се соопштува и дека во моментов во оваа апликација функцијата на пренос GIF анимации и видео ќе биде недостапна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *