ФК “Каменица – Саса” вчера, на домашен терен, против екипата на ФК “Малеш” од Берово одигра уште еден пријателски натпревар во подготвителниот период пред почетокот на претстојната сезона.
Домашните иако ја имаа иницијативата во текот на целото прво полувреме до водство дојдоа преку соло-акцијата на Стефан Атанасов на почетокот од вториот дел од натпреварот. За конечните 2:0 се погрижи Дарко Алексовски.
Ова е втора победа на ФК “Каменица – Саса” во овој контролен период, а зад себе имаат и еден нерешен резултат од претходниот натпревар на гостински терен против екипата на ФК “Кит-Го” од Пехчево.