500 000 денари финансиска помош од Општина Македонска Каменица за санирање на последиците од синоќешното силно невреме во Делчево

500 000 денари финансиска помош од Општина Македонска Каменица за санирање на последиците од синоќешното силно невреме во Делчево

Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари со цел санирање на штетите во најбрз можен рок, – стои во соопштението за јавност, кое пред малку, го објави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Вчера, екипи на ТППЕ – Македонска Каменица и членови од ДПД “Саси” организирани и опремени веднаш пристигнаа во поплавените делови од Делчево, каде во соработка со тамошниот Кризен штаб за справување со кризи се вклучија во санирање на штетите предизвикани од големото невреме кое го зафати овој наш соседен град.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *