400 урбани настани во Cliff of Moher Pub

Синоќешниот настап на радовишкиот бенд 2 Days беше јубилеен 400 настан во Cliff of Moher – Македонска Каменица. За нешто повеќе од три и пол години постоење во Cliff of Moher Pub настапија повеќе од 150 различни бендови и диџеи.11287405_859180470829673_97937931_n

Под мотото „For Urban Progress“, овој каменички локал промовира исклучиво урбана музика, а турбо фолк е забранет уште од првиот ден. Изминативе неколку години тука настапија: Пеперминт, The Hounds, SheXpeare Band, Само Тони и Две Жени, Тони Зен, Перија, DJ Lephonq, Наташа Малинкова, Марко Логаут, The Sound Messengers, Cyrillic, No End, High Control, Smoke Shakers, New Sound, Кирилчна поддршка, Krypton, TroYa, Acoustic Madness и многу, многу други.


com_1
Cliff of Moher започнува со подготовки за прослава на четвртиот роденден, кој ќе се одбележи кон крајот на декември, а до тогаш сите гости ќе можат да уживаат во квалитетна музика и релаксирана дневна шема.

Leave a Reply

Your email address will not be published.