4 Февруари – Светски ден на борбата против ракот

Секоја година, на 4-ти февруари, со низа активности низ различни делови од светот, се обележува светскиот ден на заболените од рак.

Движењето на активистите е со цел да се подигне свесноста и знаењето за оваа болест, која што секој ден зема поголем замав, носејќи со себе милиони човечки животи годишно.

4-ти февруари

Според официјалната веб-страница на движењето – www.worldcancerday.org, годишно умираат над 8 милиони луѓе од рак, од кои што 4 милиони се на возраст меѓу 30 и 69 години.

Ова движење има многу поддржувачи, меѓу кои и големи компании и слични фондации. Во моментов, во различни делови од светот, во земјите кои што активно учествуваат во кампањата, во тек се над 400 настани организирани од активисти, заболени и излечени лица. Тие ги пренесуваат своите знаења и искуства, но и даваат поддршка на оние кои се во болничките кревети како последица на ракот, спречени да учествуваат во движењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *