20 годишно момче од Облешево загина во сообраќајна несреќа на патот кон Бање

20 годишно момче загина во сообраќајна несреќа која утринава се случи на патот од село Облешево кон село Бање.

Од СВР Штип потврдуваат за настанот. Пријавата кај нив пристигнала во 5:48 минути. Како што додаваат од таму ви несреќата учествувало само едно патничко моторно возило поло со кочански регистерски ознаки. Возачот изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Со возило на Итната медицинска помош Кочани бил префрлен во кочанската општа болница, но и подлегнал на повредите и починал. На лице место увид изврши увидна екипа од ОВР Кочани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *